Откако Лионел Меси дојде во САД, тимот на Интер Мајами е нова димензија. Клубот долго време не можеше да се израдува на победи, но со доаѓањето на Меси, приказната се промени.

Во првите четири натпревари за Мајами, Меси постигна седум гола и по еднаш асистираше, а на секој натпревар тој беше човекот на одлука. Тоа го повтори и синоќа во Лига купот и против Далас со решавачки гол да го спаси Интер од пораз, а потоа и одведе во четвртфиналето.

По асистенција на Алба, уште во 6.минута Меси постигна гол за водство на Мајами од 1:0.

Следуваа два гола на Далас преку Кањон (37) и Камунго (45) Далас.

Во второто полувреме љубителите на фудбалот видео уште пет голови, а потоа и пенали.

Во 63-минута Веласко зголеми на 3:1, а две минути подоцна Кремаски намали на 3:2 повторно по асистенција на Алба.

„Голеадата“ ја продолжи Тејлор во 68-минута за повторно Далас да има два гола предност (4:2).

Но, дека возбудувањата нема да завршат тука, најави Фарфан во 80.минута, кој по центаршутот на Меси си постигна ефектен автоголот.

Во самиот финиш односно 85.минута нова магија на Меси. Аргентинецот со прекрасен гол од слободен удар го израмни резултатот на 4:4, за делириум на трибините.

Во пенал серијата фудбалерите на Интер Мајами, ги погодија сите удари, а промашувањето на  Помајкал значеa крај за Далас и пласман на Мајами во четвртфиналето.

Во него Меси и дружината ќе играат со подобриот од мечот меѓу Шарлот и Хјустон Динамо.