Лео Меси повторно беше во преден план во Лига купот во кој учествуваат екипи од САД и Мексико.

Аргентинецот постигна два гола во триумфот на својот Интер Мајами над Орландо со 3:1.

Се започна и заврши со одличниот Аргентинец кој го постигна првиот гол во седмата минута, ја прими топката со гради и волеј ја упати во противничката мрежа.

Во 72.минута од непосредна близина погоди неодбранлив полуволеј за конечни 3:1.

Меси во досегашните три настапи за Интер Мајами постигна пет гола, а неговиот тим во осминафиналето ќе игра против Далас.