Во Првата македонска фудбалска лига денес со почеток од 17 часот ќе се одигра првото воведно коло.
На самиот старт не очекувааат неколку интересни натпревари.

Бранителот на титулата, екипата на Струга ТЛ, својот пат кон одбраната ќе го започне на домашен терен каде што за противник ќе го има повратникот Гостивар. Гостиварчани составија доста респектабилен тим и во Струга патуваат по изненадување.

Како дерби на колото го издвојуваме дуелот помеѓу Брера и Вардар. Струмичани со новиот спонзор и преименувањето на екипата и тоа како имаат високи амбиции во новата сезона. Вардар кој се врати од Втора лига е и повеќе од мотивиран за да ја започне новата сезона со триумф во Струмица.

Воска Спорт ја очекува тежок прв натпревар во Прва лига. Во Охрид, пред своите гледачи ќе ја дочекат екипата на Шкендија, која има високи амбиции за оваа сезона. На тетовчани им гори под нозе откако минатата сезона останаа со празни раце, а европското лето им заврши уште не почнато.

После бурното лето во Штип, сега се очекува квалитетот на Брегалница да се види на дело. Во Штип гостува екипата на Силекс која претходната сезона прикажа одлични игри и заврши на четвртата позиција.

Во Кавадарци исто не очекува доста неизвесен натпревар помеѓу екипите на Тиквеш и Македонија ЃП. Двете екипи сакаат да го подобрат ланскиот успех и да се најдат што погоре на табелата.

Последниот натпревар од воведната рунда помеѓу екипите на Работнички и Шкупи ќе се одигра во понеделник.

ПРВА МАКЕДОСНКА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Недела 17 часот
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
БРЕРА – ВАРДАР
ВОСКА СПОРТ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Понеделник 17 часот
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ