Многу важен триумф запишаа нашите млади кошаркари под 16 години на премиерниот меч од ЕП 2023 во Скопје.
Македонија ја победи Белгија со 63-57 на отворањето на ЕП, во 1.коло од групата Б каде се и Франција и Литванија.
Ние го добивме натпреварот откако имавме одлична завршница во последниот дел, за уште поголема самодоверба во пресрет на следните два меча каде играме против фаворитите и едни од главните екипи за медал на овој турнир.
Веднаш по нашиот меч се одигра и дуелот помеѓу Литванија и Франција, а до победата од 102-94 стигнаа Литванците.
Па така во 2.коло кое е на програмата вечерва ќе се сретнат Македонија-Франција (18.30 часот) и Литванија-Белгија (16.часот).
Затоа ги повикуваме сите да дојдат во салата и да им ја дадеме неопходната поддршка на нашите момчиња.
Натпреварот се игра во СРЦ Кале, а влезот е СЛОБОДЕН, а можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ