Екипата на Шкупи го заврши својот настап на европската фудбалска сцена. Чаирчани и втор пат се поразено од Левски Софија во втората квалификациска рунда за Конференциската лига.

Во реваншот одигран вечерва во Софија, Шкупи не само што не успеа да ја анулира негативата од првиот меч (0-2), туку и загуби со 0-1.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат дури во 101-минута (11-та од судиското дополнение), а стрелец беше Марин Петков.

Така Македонија останува само со еден претставник во третата рунда. Актуелниот првак Струга Трим Лум, кој реално има и шанса за плејоф рундата. 

Стружани следниот четврток во Скопје, ќе го играат првиот натпревар против Есперанж од Луксембург.