Во пријателскиот натпревар одигран во Орландо,  Јувентус го победија Реал Мадрид со 3:1.

На Јувентус му беа потребни само 48.секунди за првиот гол на натпреварот. Убава акција на Мекени кој ја погоди стативата, со гол ја круниса Мојс Кин за 1:0.

Тој гол прилично го насочи остатокот од натпреварот, бидејќи Реал напаѓаше и создаваше повеќе можности, но Јувентус беше многу опасен преку контранапади.

Една контра резултираше со нов гол во 20.минута кога Мекени асистираше, а Тимоти Веа погоди за 2:0.

Реал го постигна единствениот гол во 38.минута кога Крос мајсторски асистираше од својата половина, а стрелец беше Винисиус Јуниор.

Кога сите очекуваа крај во 95.минута Душан Влаховиќ шутираше од непосредна близина, а топката од голманот на Реал Куртоа се одби во мрежата за конечни 3:1.