Делегацијата на Баерн пристигна во Лондон да ги финализира преговорите околу трансферот на Хари Кејн во Минхен.

Извршниот директор Јан-Кристијан Дресен и техничкиот директор Марко Непе ќе разговараат со Даниел Ливи.

Сопственикот на Тотенхем, Џо Луис му наредил на Ливио да го продаде Кејн. Тоа е шанса да го фатат последниот воз и да заработат од капитенот на клубот и англиската репрезентација.

Последната понуда беше 80 милиони евра и Тотенхем не ни помисли на тоа, иако Кејн влезе во последната година од договорот.

Баерн е подготвен во трансферот на Кејн да го вклучи Французинот, Павард.

И Баерн не сака Кејн да стане слободен играч, бидејќи тогаш ќе се појават шпанските гиганти, но веројатно и Јунајтед, можеби другите англиски гиганти кои би биле во предност.