Екипата на Шкупи денес со почеток од 21 часот ја пречекува екипата на Левски Софија.
Натпреварот ќе се одигра на Националната Арена ,,Тодор Проески“ во Скопје. Овој натпревар е прв од двомечот во второто квалификациско коло од Конференциската лига.
Чаирчани откако лесно ја минаа првата пречка, екипата на Хегелман, сега имаат доста потешка задача. Вечерва мораат да го дадат својот максимум пред своите навивачи и со нивна помош да успеат да ја совладаат екипата на Левски Софија.
Првенството кај нашиот источен сосед е веќе започнато, па така екипата на Левски веќе има одиграно два натпревари во домашното првенство. Во првото коло од квалификациите за Конференциската лига беа слободни и тоа укажува на нивниот квалитет кој го поседуваат.
Реванш натпреварот е закажан на трети август во Софија.