КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА ПМФЛ СЕЗОНА 2023/2024

Во Фудбалската федерација на Македонија, денеска беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата лига 2023/2024.

Во првата рунда интересни ќе бидат настапите на новајлиите.

Повратникот во прволигашкото друштво, скопски Вардар ќе гостува во Струмица кај ребрендираниот тим на АК Брера Струмица.

Во Охрид, Вска спорт ќе ја пречека тетовска Шкендија, додека Гостивар ќе му гостува на шампионот Струга Трим Лум.

Скопското дерби е меѓу Работнички и Шкупи, а во Штип кај Брегалница ќе гостува Силекс.

Дуелите од првото коло во новата сезона ќе се играат на 5 и 6 август.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 1.коло
АП БРЕРА Струмица – ВАРДАР
ВОСКА Спорт – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ