Пред почетокот на натпреварот меѓу Шкупи и Левски Софија, полицијата со полни раце работа. 

Беа забележани повеќе инциденти. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се приведени девет бугарски навивачи.

Според информациите, тие се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот.

„На 27.07.2023 од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот „Тодор Проески“, непосредно пред почетокот натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Натпреварот меѓу Шкупи и бугарски Левски Софија е во рамките од 2-то квалификациско коло за Конференциската лига.