Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Арсенал со 2:0 во пријателски натпревар одигран во Њујорк.

Јунајтед до победата го предводеше новиот капитен Бруно Фернандеш, кој го постигна водечкиот гол во 30-тата минута.

Само седум минути подоцна Џејдон Санчо ја удвои предноста на Јунајтед и го постави конечниот резултат на натпреварот или барем во неговиот „регуларен“ тек.

Иако „црвените ѓаволи“ победија со 2:0 по 90 минути, се изведуваа пенали, бидејќи тоа сценарио беше однапред подготвено.

И тука тимот од Манчестер беше подобар. Јунајтед погодија со сите пет пенали, додека ударот од „белата точка“ за Арсенал го промаши Фабио Виеира.