Екипата ма Челзи со убедлива победа ја започна американската турнеја.

Лондонскиот тим кој летово остана без голем број на фудбалери и со видно изменет состав. Тоа не беше пречка Челзи на контролниот меч одигран во Филаделфија, да слави против англискиот ривал Брајтон со 4-3.

Иако Брајтон подобро го отвори мечот и во 13. минута со гол на Велбек, во продолжението „сините“ беа подобри.   Веќе во 19.минута Нкунку го израмни резултатот.

Во вториот дел уште три гола постигна тимот од Лондон. По исклучувањето на Ван Хеке во 62-минута, Челзи ја искористи предноста на играч повеќе. Три минути подоцна (65) Мудрик беше стрелец за водство од 2-1. Следуваа головите на Галагер (72) и Џексон (76-минута) за предност од 4-1.

До крајот на мечот Брајтон преку Жоао Педро од пенал и Ундав успеа само да го ублажи поразот за конечни 4-3.