Европските фудбалски гиганти во овој период од годината се подготвуваат во САД. Таму се играат и бројни контролни натпревари.

Таков требаше да биде и дуелот меѓу Барселона и Јувентус, но тој не се одигра

Шпанскиот тим беше принуден да го откаже натпреварот против Јувентус бидејќи многу играчи се разболеле од стомачен вирус, информираа од клубот.

Натпреварот требаше да се игра рано наутрово во Санта Клара, но Каталонците немаат ниту 11 играчи за овој натпревар.

Каталонците се на подготовки во Лос Анџелес, Жил Кунде прв се пожали во четвртокот, а потоа поголемиот дел од тимот побара лекарска помош.

Барселона не објави колку фудбалери се разболеле, туку само дека натпреварот со Јувентус е откажан.

Барса за во четврток од 04:30 часот треба да одигра натпревар против Арсенал.