Машката јуниорска репрезентација на Македонија, вечерва го почнува својот настап во „Б“ дивизијата на ЕП во Португалија.
Репрезентацијата до 18 години е во групата А, во која за противници ги има Велика Британија Австрија, Норвешка и Исланд.
Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ беа слободи во првото коло, а попладнево ќе играат против Велика Британија.
Британците вчера во интересен натпревар ја совладаа репрезентацијата на Исланд со 77-68 и покажаа дека се сериозен тим. Со таков епитет се стекнаа и Австријците кои ја „демолираа“ Норвешка со 97-64.
Токму овие две селекции ќе бидат и конкурентите на Македонија за пласман на едно од двете места што водат во четвртфиналето.
Денешниот натпревар Македонија – В. Британија ќе започне од 19 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТА ВО ЖИВО ОВДЕ.