Двократниот европски првак Вардар, враќањето на европската сцена ќе го има на 26 август.

Вардарци го одредија оваа дата за одигрување на домашниот натпревар во квалификациите за Европската лига.

Црвено-црните немаа среќа при ждрепката, па за противник го добила германскиот со Рајн Некар Левен.

На првиот натпревар вардарци се домаќини и тоа на 26 август во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. Реванш средбата ќе се игра на 3 септември (недела од 16 часот) во „СНП Арена“ арената во Хеиделберг.

Победникот од овој двомеч ќе продолжи во групната фаза каде во „А“ конкуренцијата ќе игра против Нант, Кристијанштад и Бенфика.