Македонските претставници во ЕХФ Европската лига, Алкалоид и Вардар го дознаа противниците за групната фаза.
Екипата на Алкалоид како вицепрвак директно обезбеди пласман во групната фаза, додека вардарци прво ќе треба да го минат Рајн Некар Левен во квалификациите.
Алкалоид ќе биде дел од групата „Ф“ во која за противници ќе ги има силни противници.
Од првиот шешир, беше извлечен данскиот претставник Бјерингбро Силкеборг. Шпанскиот тим Натурхаус Ла Риоха дојде од третиот, а од четвртиот шешир беше приклучена српската екипа Војводина.
Европската лига ќе биде вистински предизвик за избраниците на Кирил Лазаров на натпреварите ќе започнат кон средината на октомври.
Вардар навистина нема срежа со ждрепката. Откако го доби најтешкиот можен противник во квалификациите Рајн Некар Левен, ждрепката не им беше наклонета ниту денеска.
Така вардарци доколку го минат германскиот тим би играле во групата „А“ каде за противници ќе ги имаат францускиот Нант, Кристијанстад од Шведска и португалската Бенфика за која игра Филип Талевски.
Натпреварите во групната фаза ќе започнат на 17 октомври и ќе бидат одиграни шест кола. Првите две екипи ќе продолжат во главната рунда во која ќе пренесат бодови.