Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години, вечерва против должникот Чешка го игра финалниот меч за златниот медал на ЕП Б дивизија што се игра во Скопје.
Нашите надежи направија голем успех. Во полуфиналето ја победивме Украина, и на тој начин обезбедивме пласман во „А“ дивизијата.
Но зошто да застанеме тука. Имаме голема шанса да им го вратиме долгот и поразот од Чешка во отворањето на првенството откако загубивме добиен меч со (75:80), но и прилика на домашен терен пред полни трибини да го освоиме и првенство и златниот медал.
Противникот на Македонија во финалето, Чешка синоќа без поголеми проблеми ја победа Шведска со (94:74) и така и се придружи на Македонија во борбата за најпосакуваниот одличје.
Доколку момците на селекторот Никола Василев одиграат одлично во одбраната и да ја повторат играта од првото полувреме против Чешка во првиот дуел, титулата е наша.
Досега на шампионатот Македонија и Чешка имаат по еден пораз, ние токму од Чешка, а тие против Бугарија во продолжетоците.
Натпреварот се игра од 21.часот во СЦ Борис Трајковски, а претходно во 18.30 часот во борба за третото и последното место кое води во А дивизијата ќе се сретнат Украина и Шведска.