Репрезентацијата на Македонија до 20 години, успешно ја заврши првата фаза од Европското првенство од „Б“ дивизија што се одржува во Скопје.
Нашите младинци како првопласирана екипа во групата влегуваат во разигрувањето и места кои носат промоција во „А“ Дивизијата“.
Прв противник во нокаут-фазата е селекцијата на Велика Британија.
„Одигравме четири натпревари досега и со секој нов меч растевме, и секој од нив беше посебна битка. Кажав и пред почетокот на првенството дека Чешка е еден од фаворитите и тоа се оствари, тој дуел го загубивме, но потоа фативме некоја форма и остваривме три победи по ред. Задоволен сум од прикажаното и со нетрпение го очекуваме она што следува“- потенцира селекторот по истекот на првиот дел од првенството.
Репрезентацијата на Велика Британија физички е многу силна и подоминантна во однос на нашата. Тоа е тим во кој сите трчаат во текот на 40-те минути.
Но, како што смета Василев, ние сме сигурни во нашите квалитети и ќе се обидеме да ги искористиме.
„Мислам дека клучот за успехот на мечот против Велика Британија ќе биде само добрата одбрана. Се надевам дека со добра игра ќе се вмешаме во борбата за медалите и ќе ја оствариме најголемата цел на ова првенство, пласман во А-дивизијата. Би сакал да ги поканам љубителите на кошарката и навивачите, утре да дојдат и да ни дадат поддршка на патот кон полуфиналето“- вели Василев.
Натпреварот ќе се игра утре од 18.30 часот во салата на СРЦ „Кале“