Екипата на Работнички години наназад е позната по вниманието кое им го посветува на младите фудбалери.

Во таа насока, е и информацијата дека младиот талент Димитар Данев го потпиша првиот професионален договор токму со „романтичарите“.

Тој се обврза на тригодишна верност со ФК Работнички.

17-годишниот Димитар Данев е играч за врска, репрезентативец на Македонија во својата возрасна категорија и еден од најголемите таленти од клупската академија во последниот период.

Данев веќе тренира со сениорскиот состав и ја чека својата шанса да блесне со целиот свој потенцијал.