Австралијанецот со македонско потекло, Александар Волкановски по петти пат ја одбрани шампионската титула во лесна категорија во УФЦ откако ноќеска во Лас Вегас со нокаут го совлада Мексиканецот, Јаир Родригез.

Македонскиот борец покажа дека е далеку подобар од противникот.

Завршниот удар го зададе во текот на третата рунда кога судијата го прекина мечот откако се виде дека противникот е во безизлезна ситуација.