Од денеска љубителите на фудбалот, пред се навивачите на Македонија ЃП ќе можат да ги набават влезниците за натпреварот што Ѓорчепетровци ќе го играат во УЕФА Конференциската лига.

Имено, пушени се во продажба картите за дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и РФС Рига од Летонија во првото квалификациско коло во ова натпреварување.

Картите се продаваат по цена од 200 денари, а може да се набават во продавниците на Литература.мк во „Сити Мол“, на бензинската пумпа во Влае, како и онлајн на веб страната на karti.mk.com (ОВДЕ).

Првиот натпревар ќе се игра на во четврток (13 јули) на стадионот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, со почеток од 17:30 часот.