Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои бронзен медал на отвореното првенство во Турција во натпревар од Г2 ранкингот на светската таеквондо федерација.

 Рељиќ во првото коло беше слободна, поради одличната ранкинг позиција, во второто коло ја победи домашната натпреварувачка Румјеса Мазгал со 2:0 во рунди.

Во борбата за медал Мила беше подобра од извонредната Иранка Париза Кучаксареи Жавади со 2:1 во рунди (0:0, 1:3, 10:7). Во полуфиналето поради повторна повреда на ногата која ја стекна и во Полска пред 2 недели, Мила не успеа да ги одмери силите со Американката Макајла Гринвуд.

Сепак во конкуренција на 29 натпреварувачки во Турција, единствена земја која на последната олимпијада имаше обезбедено А норма во сите женски категорија, ова е значаен успех.