Женската јуниорска репрезентација на Македонија, за кошаркарки до 18 години, ги продолжува натпреварите во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Софија.

По четирите убедливи порази во првата рунда од групната фаза, избраничките на селекторката Јелена Антиќ, денеска и утре ги играат натпреварите од новоформираната Е група за пласман од 9 до 18 место.

Прв противник е селекцијата на Норвешка против која ќе играат попладнево во терминот од 17 часот, додека утре (петок) на програмата е натпреварот против Велика Британија.

Натпреварите на нашите јуниорки можете да ги гледате во ЖИВО ОВДЕ