Со натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Холандија денеска во Софија, започнува женското Европско јуниорско првенство, дивизија Б, за кошаркарки до 18 години.

Оваа наша селекција е единствената во женска конкуренција која КФМ ја пријави летово за натпреварување. Девојките се предводени од сеуште активната репрезентативка Јелена Антиќ која сега ја има улогата на селектор.

осумнаесетте селекции се поделени во четири групи, а македонските јуниорки ќе се натпреваруваат во А групата во која покрај врсничките од Холандија, за противнички ќе ги имаат и селекциите на, Исланд, Хрватска и Данска, редоследно.

Двете првопласирани од секоја група ќе обезбедат пласман во четврт-финалето, додека останатите во нови две формирани групи ќе разигруваат за пласман од 9 до 18 место.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ МАКЕДОНИЈА – А ГРУПА
30 јуни (петок) МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА 12.00 часот
01 јули (сабота) МАКЕДОНИЈА слободна
02 јули (недела) МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 19.30 часот
03 јули (понеделник) слободен ден
04 јули (вторник) МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 17.00 часот
05 јули (среда) МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА 17.00 часот

Сите актуелности, поврзани со македонската репрезентација може да ги СЛЕДИТЕ ОВДЕ