Некогашната голема ѕвезда на италијанскиот фудбал Марио Балотели се враќа во Серија А!? Тоа барем засега е само желба на контроверзниот фудбалер кои минатата сезона со својот тим Сион испадна од швајцарската Суперлига.

Големата ѕвезда на светскиот фудбал не му помогна на Сион да избегне опстанок. Напротив, Италијанец постигна само шест гола за последнопласираниот тим во лигата.

Извесно е дека 32-годишниот напаѓач, кој во кариерата ја освои Лигата на шампионите со Интер и Премиер лигата со Манчестер Сити, нема намера да игра второлигашки фудбал во Швајцарија и ќе бара нов клуб оваа лето иако има договор со Сион уште една година.

Според медиумите во Италија, сонот на Балотели е да се врати во Серија А, а центарфорот е подготвен да ги намали личните барања за повторно да заигра во својата татковина.

Балотели повеќе би сакал да игра во Каљари, кој преку баражот од Серија Б се врати во елитата под водство на легендарниот тренер Клаудио Раниери.

Останува да видиме дали клубот од Сардинија ќе се одлучи за „палавиот“ напаѓач и ќе го повика Марио да се врати на „чизмата“. Тој е подготвен, нема сомнеж за тоа.