Реал Мадрид ова лето минува низ сериозна реконструкција, бидејќи досега четворица играчи дојдоа и си заминаа.

Летото во Мадрид дефинитивно го одбележа доаѓањето на Џуд Белингем за 103 милиони евра, а трансферот со бонуси секако ќе ја наполни касата на Борусија Дортмунд. Заедно со него пристигнаа и Фран Гарсија и Хосела за мизерна сума на пари, додека на Брахим Дијаз му истече позајмицата во Милан. Дополнително, на крајот паднаа многу важните засилувања на Лука Модриќ, Тони Крос, Нак Фернандес и Дани Себаљос, што е од големо значење за Карло Анчелоти бидејќи Карим Бензема и Марко Асенсио одбија да ја продолжат соработката. Освен нив си заминаа Еден Азар и Маријано Дијаз.

Мадридските медиуми не сакаат да креваат бура, токму поради тоа што Перез прави мудри потези да го доведе Килијан Мбапе до крајот на летото. Своите потези му ги препушти на Французинот кој упорно инсистира да остане, знаејќи дека ПСЖ отфрла такво сценарио во кое следното лето би заминал бесплатно.

ПСЖ сака понуди од други клубови, но цената од 180-200 милиони, дури се споменуваат и 250 милиони, е навистина недостижна за сите. И Манчестер Сити крена раце, откако Пеп Гвардиола јавно кажа дека не влегува во таа трка. Останатите немаат пари, ниту доволно силен проект, па евидентно е дека патот на Мбапе води само до Мадрид, прашање е само кога!?

Хари Кејн, Рандал Коло Муани и Виктор Осимене отпаднаа како опции, бидејќи сите чинат најмалку 100 милиони евра, а Перез не сака да фрли толкава сума пари кога знае дека ќе го добие Мбапе порано или подоцна. Перез седна на „покер маса“ и ги има најсилните карти во раце, прашање е само до кога ќе „блефира“ за да добие…