Женската јуниорска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години, претрпе пораз на последната проверка пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое за некој ден започнува во Софија.
Токму по доаѓањето во главниот град на Бугарија нашата селекција одигра контролен натпревар против домаќинот на првенството од кој загуби си 46:51 (16-6, 18-14, 9-17 и 8-9).
Јуниорките на Бугарија почнаа со (10:4), на истекот на првата четвртина се стекнаа со двоцифрено водство (16:6), кое до полувремето го зголемија и на (34:20).
Во вториот дел. Нашите млади кошаркарки, предводени од Марија Николов, направија серија од (16-0), со која пред влезот во последната четвртина Бугарките имаа само +6 (43:37). На почетокот на последната црвено-жолтите дојдоа и до три негатива, но немаа сили за комплетен резултатски пресвртч.
Марија Николов со 15 поени беше најефикасна во нашата селекција, за која Алексовска и Николиќ реализираа по седум поени, а Начевска и Стоева имаа по шест.
До почетокот на првенството остануваат уште четири дена (30 јуни), односно до петок кога точно на пладне нашите јуниорки ќе го играат првиот натпревар.
Сите детали за ЕП и настапот на македонските јуниорки може да ги СЛЕДИТЕ ОВДЕ