Таквондистот Дејан Георгиевски не успеа да не израдува израдува на нас и себеси на златен медал од Европските игри во Краков, Полска.

Нашиот олимпиец претрпе убедлив пораз во финалето на категоријата +87 кгр. во која за противник го имаше осмо рангираниот Британец, Луис Канингам. 

Иако како второ рангиран Дејан ја имаше улогата на фаворит, сепак не ја оправда и ги загуби двете рунди (0:2). Напротив, само два освоени поени во втората рунда, која Британецот ја доби со 13-2, и без ниту еден во првата (4-0) Георгиевски спортски мораше да подаде рака на во моментов подобриот противник. 

Сепак, Дејан е единствениот македонски спортист кој досега освои медал на Европските игри, на кои ни преостануваат уште двајца натпреварувачи.