Македонските атлети Агрон Хајредини и Јулијана Петровска се првите кои се закитија со медали на Летни олимписки игри на Специјалната олимпијада кои се одржуваат во Берлин.

Агрон и Јулијана под водство на тренерот Ифраим Љута го освоија првото во машка и второто место во женска категорија во атлетската дисциплина “Скок во далечина од место”.