Додека ја очекуваат денешната ждрепка по која ќе ги дознаа своите противници за првата рунда во УЕФА Конференциската лига „Лавовите“ од Ѓорче Петров не седат со скрстени раце.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија континуирани се работи на составување на тимот на новите предизвици. По попишувањето на неколкумина фудбалери, денеска дојде реди и на помладите.

Откако пред девет дена ги договорија младинците од шампионската генерација, ” data-wplink-url-error=”true”>Христијан Поп Антоски (родени 2004 година), денеска падна договор и со 17-годишниот Дарко Сековски.

Младиот талентиран напаѓач (роден 2006 година) денеска го потпиша својот прв договор. Тој се обврза на три годишна верност со екипата на Ѓорче Петров.

Дека станува збор за талентирано момче кое има огромен потенцијал, СПОРТ+ веќе пишуваше, а тоа најдобро го знаат Ѓорчепетровци кои не оставија ништо на случајноста па денеска едноставно вложија во својата и иднината на Дарко.