Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед имаат можност да ги запишат своите имиња во историските книги на клубот, но за тоа ќе мора да ја победата Фиорентина во финалето на Конференциската Лига Европа, изјави менаџерот на англискиот тим Дејвид Мојс.
Популарните „чекани“ за првпат по речиси половина век се пласираа во финале на едно европско клупско натпреварување, во случајов Конференциската лига.
„Не знам дали некогаш ќе добиеме статуа (ако Вест Хем победи), но верувам дека играчите имаат добра можност да бидат запаметени од сите во овој клуб. Во источниот крај на Лондон има нова генерација на млади навивачи. Токму на тие навивачи треба да им дадеме поголем верба во тимот што го поддржуваат. Верувам дека играчите кои ги имаме имаа голема шанси да го сторат тоа“, изјави Мојс.
Вест Хем се претстави одлично на европската сцена во последните две сезони, стигнувајќи до полуфиналето на Лига Европа во 2022 година, каде загуби од Ајнтрахт. Стратегот на Вест Хем смета дека тоа треба да биде добра лекција и мотив повеќе за неговите избраници пред финалниот дуел со Фиорентина.
„Ова е прв пат да играме европско финале и се чувствуваме посебно. Ова е навистина голема можност. Нашето искуство од полуфиналето минатата година ќе ни даде показател што да очекуваме“,
заклучи тренерот на Вест Хем.
Кој ќе го одвои трофејот во Конференциската лига ќе видиме по финалниот меч што ќе се игра вечерва од 21 часот.