Екипите на Манелстер Сити и Интер во сабота во Истанбул ќе се борат за трофејот во фудбалската Лига на шампиони.

Пред патувањето за Истанбул, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на прес-конференција изјави дека неговиот тим го чека тешко финале против Интер, а сите што го потценуваат клубот од Милано грешат.

„Не чека врвна екипа, ќе биде финале полно со тешкотии. Многу сум благодарен за тоа што играчите го направија досега, но секое финале е сосема поинаква игра. Ќе треба да разбереме која и каква игра ние играат.
Не е лесно да се надмине одбранбениот систем на Интер. Ќе мора да имаме одлично темпо, но и да бидеме трпеливи, бидејќи колку повеќе поминува времето, толку повеќе ќе се зголемува тензијата“,
нагласи Шпанецот.

Гвардиола не пропушти да го пофали својот колега на спротивната страна Симоне Инзаги, за кого рече дека сезонава завршил голема работа.

Сепак, Пек смета дека неговиот тим е одлично подготвен и верува дека сезоната ќе ја заврши со три пехари. Сити прво го обезбеди шампионскиот во Премиер лигата, а потоа и трофејот во ФА Купот до кој стигна со победата во финалето над градскиот ривал Јунајтед.