Француската Лига 1 дојде до крајот и последното 38.коло за оваа сезона. ПСЖ ја освои својата 11-та титула во Лига 1 во минатото коло, а пласманите во Европа следната сезона се финализираа во ова коло.

Имено, Ленс како второпласиран следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите по 22 години, а денеска го совлада Оксер на гостински терен со 2:0. Марсеј ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите и покрај поразот од Ајачио со 1:0.

Во квалификациите за Лига Европа се пласираа Рен, по триумфот на гости кај Брест од 2:1. А, во квалификациите за Конференциската лига ќе играат Лил, кој на денешниот натпревар со Троја изиграа нерешено 1:1. Монако, кој загуби од Тулуз со 2:1, ги „прокоцка“ шансите за пласман во европските натпреварувања.

Борбата за опстанок ја доби Нант, кој славеше на домашен терен против Анже со 1:0, а Оксер загуби од Ленс со 3:1 и следната сезона ќе игра во втората француска лига заедно со Троја, Ајачио и Анже.

Во останатите натпревари, шампионот ПСЖ загуби дома против Клермон со 3:2, Ница славеше против Лион со 3:1, Лориен со 2:1 го совлада Стразбур, а Ремс загуби на домашен терен од Монпеље со 1:3.