Екипите на Водно Санс и Феникс ќе играат за шампионскиот трофеј во кадетска конкуренција.

Ова е исходот по денеска одиграните полуфинални натпревари на завршниот Ф4 турнир за кошаркари до 16 години, што се одржува во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Во првото полуфинале кадетите на Водно Санс доминантно го добија дуелот со Баскет Кам со убедливи 104-57, натпревар на кој тројца играчи во победничката екипа имаа дабл-дабл ефект.

Лука Марјановиќ на 26 поени додаде 10 скокови, а по десет скока имаа и Никола Јаничиќ кој постигна 19 поени, односно Даниел Луис Бaтемер кој реализира 10 поени.

Во второто полуфинале Феникс го победи Куманово со 71-54, натпревар на кој Ѓорѓи Цветковски со 22 поени беше најефикасниот играч на натпреварот.

Така утре во дуелот за 3-тото место ќе играат Куманово и Баскет Кам, додека за шампионскиот трофеј ќе играат Водно Санс и Феникс.

ФИНАЛЕН ТУРНИР – М16 ЛИГА МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ (сабота)
Водно Санс – Баскет Кам 104-57
МКК Куманово – Феникс 54-71
НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН (недела)
11.00 За трето место МКК Куманово – Баскет Кам
13.30 Финале Видно Санс – Феникс