Екипата на Лајпциг ќе се обиде да ја одбрани титулата од лани во Германскиот куп и во финалето ќе ги одмери силите со Ајнтрахт Франкфурт на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Совладувајќи го Фрајбург со огромни 5:1, избраниците на Марко Розе се многу мотивирани да го освојат купот на Германија, втора година по ред. Франкфурт славеше над Штутгарт со 3:2 и во своето 9-то финале ќе се обидат да му го земат трофејот на Лајпциг.

Лајпциг досега има одиграно само 2 финалиња, а трофејот за прв пат го дигнаа минатата година, кога по изведување на пенали триумфираа над Фрајбург. Додека Ајнтрахт е на пат кон својата шеста титула во купот на Германија.

Финалето во Берлин меѓу Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт ќе се одигра вечерва со почеток од 20:00 часот.