Долгогодишниот „командант“ во средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, вечерва со екипата на Севиља има можност да го дигне трофејот во Лигата на Европа по втор пат во својата кариера.

Ракитиќ вели дека ниту еден клуб нема посилна „љубовна врска“ со трофејот во Лига Европа како што има Севиља.

„Кога велиме дека никој не го сака овој трофеј како што ние го сакаме, не е затоа што некој од клупските канцеларии го кажал тоа, туку дека ние навистина го мислиме тоа. Tреба да одиграме одличен натпревар, да го освоиме купот и да го донесеме дома. Ако сакаме да го освоиме трофејот, мора да одиме по него. Ни треба совршен настап утре. Ние сме ентузијасти што сме тука и сакаме да го докажеме тоа и на теренот утре“, амбициозно говореше Иван Ракитиќ.

Хрватот на прес-конференцијата зборуваше и за овогодинешните очекувања од ова натпреварување.

„„Главниот“ беше многу јасен во своите барања уште на самиот старт. Ова нема да се промени ни во финалето. Се што треба да направиме е да бидеме свои. Никој не ви дава ништо во фудбалот, ние заслужуваме да бидеме тука и бевме најдобриот тим на турнирот.“ – додаде Ракитиќ.

Финалниот натпревар од Лигата на Европа меѓу Севиља и Рома ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.