Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во својата дебитантска сезона во Европска Сребрена лига

Во натпревар од 2.коло на „А“ група одигран попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, нашите одбојкарки се поразени од Летонија со 3:0.

Еден одличен сет не беше доволен да се направи изненадување во дуелот со фаворитките. А, нашите одбојкарки беа блиску да го освојат првиот сет и тоа првиот во кој се водеше голема борба за секој поен но на крајот повеќе среќа, а можеби и искуство имаа Летонките кои го добија сетот со 25-23.

Тоа како да ја разниша самодовербата во напирот табор па во вториот противничките беа поубедливи добивајќи го со 25-18, а третиот рутинирано да го одработат со да го решат во своја полза со идентични 25-18 за конечни 3:0 во сетови .

Следен противник на нашите одбојкарки ќе биде топ фаворитот во групата селекцијата на Естонија кој попладнево убедливо со 3:0 ја надигра Австрија од која загубивме пред четири дена исто така со 3:0.

Мечот против Естонија ќе се игра во сабота (17:30 часот) исто така во Скопје.