Со натпреварот што ќе се игра попладнево во „Јане Сандански“  стартува финалната серија од плеј-офот во кошаркарското првенство на Македонија.

Како и лани, титулата повторно ќе ја брани екипата на МЗТ Скопје Аеродром, а одново предизвикувач ќе биде битолски Пелистер.

МЗТ атакува на десеттата, а Пелистер на првата шампионска титула.

Во регуларниот дел од сезоната, двата големи ривали, шампионот ги доби двата натпревари, и тоа беше една од причините што ја освои првата позиција на табелата која на аеродромци им ја носи и предноста на домашниот терен со воведните два  натпревари во серијата што се игра до три победи, а по принципот 2-2-1 (Скопје-Битола-Скопје).

Потсетување дека во минатогодишното финале беа одиграни четири натпревари, а МЗТ ја доби серијата со 3:1.

Денешниот прв натпревар што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне во терминот од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.