МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер вечерва ја започнуваат финалната серија во плеј-офот на кошаркарскиот шампионат.

Според новиот систем на натпревари, аеродромци кои ја бранат титулата првите две средби, во серијата подобар до три, ги играат пред своите симпатизери, а следите ќе се играат во Битола.

Но, дали ќе бидат две или една ќе зависи од пелистерци, чија прва цел е гостинска победа, вели искусниот Караџовски.

„Оваа сезона системот за натпреварување е малку чуден. Односно за првпат се игра вака кај нас.
Првите два натпревари да се играат во Скопје. Но, ајде малку да бидам и реалистичен. но и оптимистичен.
Со една победа таму, мислам дека ќе бидам задоволен, не само јас, туку и цела екипа, целиот град. Со една победа таму, автоматски закажуваме два натпревари во Битола, што е особено значајно и важно за сите нас.
Јас би целел кон тоа, со една победа да се вратиме во Битола“,
вели искусниот Димитар Караџовски.

Првата шанса за „брејк“ Пелистер ќе ја брка во денешниот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ чиј почеток е закажан за 18 часот.