Екипите на Вардар и на Водно Санс ќе го играат вечерашното финале за кошаркари до 18 години, откако во вчерашните полуфинални дуели ги совладаа своите ривали, Работнички и Феникс Баскет. Во неизвесен натпревар Вардар го скрши отпорот на Работничкисо 78:73, додека Водно Санс беше убедливо подобар од Феникс Баскет со 81:58.

Капитенот на Вардар Павел Иванов беше најдобриот на теренот на првото полуфинале со 23 поени и 10 скокови од кои 6 офанзивни, а одличен беше и Марко Лукановски со 17 поени и 18 скокови.

Во второто полуфинале Водно Санс доминираше во текот на целиот натпревар, а високата победа беше резултат токму на таа игра пред се во одбрана и максималната борбеност. На полувреме Водно Санс имаше +14 (42:28), додека на крајот на третиот период предноста беше +20 (63:43). Победничката екипа ги доби сите четвртини. Никола Јаничиќ со 22 поена беше најефикасниот на дуелот.

Натпреварите се играа во малата сала Јане Сандански пред преполни трибини и повеќе од 1000 гледачи.

Натпреварите за пласман се играат денска. Финалето меѓу Вардар и Водно Санс почнува од 20 часот, додека дуелот за трето место меѓу Работнички и Феникс Баскет е закажано за 17:30 часот.