Екипата на Гетафе стигна до голема победа над Бетис од 1:0 за чекор кон спас од испаѓање во втората шпанска лига. Додека пак Атлетико Мадрид не му направи „услуга“ на Еспањол кој по негатива од три гола извлече боди играјќи 3:3, но екипата од Барселона не дојде до посакуваниот резултат.

Атлетико имаше водство во првото полувреме од 2:0 преку головите на Саул Нигез и Гризман во 21.ва и 44.та минута. Во 46.та минута поведоа со 3:0 со голот на Јаник Караско. На Натпреварот Бетис и Гетафе беше мирно првото полувреме. Единствениот гол падна во 69.та минута од натпреварот кој го постигна Омар Алдерете. По водството на Атлетико од 3-0 и голот на натпреварот во Севиља каде Гетафе поведе, следуваа три гола на Еспањол. Во 64.та, 75.та (пенал) и 79.та минута стрелаа Цезар Монтез, Хоселу и Винициус Соуза.

Со овој резултат Атлетико Мадрид паѓа на 3.та позиција во Ла Лига каде веќе првак е Барселона, а Реал Мадрид е второпласиран со само еден бод повеќе од Атлетико.

Гетафе со победата над Бетис се издигна две позиции и сега со 38 бода е на 16.то место, но сеуште во опасната зона за испаѓање. Овој пораз беше без значење за Бетис кој моментално останува на 6.та позиција со 6 бода предност од Атлетик Билбао.

Еспањол е на 19.та позиција со 35 бода, три помалку од позициите кои значат опстанок во Ла Лига, па во последните две кола ќе зависат првенствено од себе, а потоа и од резултатите на конкурентите за опстанок.

Андреј Велјаноски