Винициус Жуниор, нема да биде казнет за црвениот картон што го заработи на последниот натпревар во Ла Лига. Ваквата одлуката на дисциплинците на шпанската федерација пред се се должи на расистичките навреди кои Бразилецот ги трпеше во текот на натпреварот на „Местаља“.

Винициус доби црвен картон во судиското продолжение на дуелот со Валенсија. Иако судијата Де Бургос Бенгоече во извештајот напиша дека „Винисиус Јуниор беше исклучен затоа што удри противник со рака во лицето кога топката не беше во игра“, Комитетот за натпреварување ја поништи одлуката бидејќи сметаше дека судијата донел серија грешки во раната фаза од натпреварот што му претходеше на овој настан.

Комитетот ја образложи одлуката со фактот дека имало „вонредна, сериозна и сосема невообичаена околност, која утврдила натамошни настани на теренот“. Така беше донесена необична одлука играчот кој му удри шлаканица на противничкиот играч да остане без дисциплинска казна.

Треба да се каже дека сите во Шпанија се согласија дека на расизмот нема место во животот, дури ни на спортските терени. Оваа сезона Винициус Жунор пет пати беше мета на расистички навреди од навивачите кон противничкиот тим и дека по „Местаља“ го крена гласот велејќи дека „во Примера расизмот стана нормална работа“.