Тешка задача пред Чаби Алонсо во реванш дуелот од полуфиналето во Лига Европа. Во првиот натпревар тој загуби од избраниците на неговиот поранешен тренер, Жозе Мурињо.

Пред дуелот со Рома, Шпанецот вели дека неговата екипа е спремна и подготвена за спектакл.

„Ние ќе бидеме спремни на се. Се припремивме добро, натпреварот е сеуште отворен, и нашата цел е луѓето за неколку години да имаат добра причина за да го памтат утрешниот натпревар. Момците се спремни, и се надевам дека ова ќе биде првото од многуте идни полуфиналиња. Во Рим натпреварот беше многу неизвесен, тоа го очекуваме и утре. Ја осеќам енергијата и расположението во екипата. Ние ќе дадеме се од себе до последната секунда, затоа што имаме добра шанса за пласман во финалето“, вели тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

Баер Леверкузен, како домаќин, вечерва со почеток од 21:00 часот ќе ги одмери силите со фаворизираната Рома.