Екипите на Базел и Фиорентина, односно АЗ Алкамр и Вест Хем, вечерва со почеток од 21 часот ќе ги одиграат реваншите во полуфиналните натпревари во Конференциската Лига.
Фиорентина патува во Швајцарија со негатива од еден гол. Екипата на Базел приреди изненадување во Фиренца и со пресврт успеа да слави 2:1.
Ова е одлична шанса Базел пред своите навивачи да ја зачува предноста и да се пласира во големото финале. Од друга страна Фиорентина се очекува се да стави на една карта и да тргне офанзивно уште од првата минута.
АЗ Алкамар на домашен терен ќе се обиде да ја надомести негативата од еден гол и да избори пласман во големото финале.
Вест Хем на домашен терен славеше 2:1 иако имаше негатива на полувремето. Ако се земе во предвид првиот натпревар, можеме да очекуваме доста возбудлив и неизвесен натпревар во кој и двете екипи ќе горат од желба за пласман во големото финале.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ПОЛУФИНАЛЕ
(втор натпревар 21 часот)
БАЗЕЛ – ФИОРЕНТИНА (2:1)
АЗ АЛКАМР – ВЕСТ ХЕМ (1:2)
Филип Василевски