Реал ќе го препушти европскиот трон на Манчестер Сити или Интер. Избраниците на Карло Анчелоти, беа надиграни од оние на Пеп Гвардиола, па Манчестер Сити му се приклучи на Интер во финалето на Лигата на шампионите.

Искусниот италијански стратег, тешко го прифати поразот, но џентлменски призна дека Сити бил подобар.

„Сега да се влезе во подлабока анализа на натпреварот не е разумно. Тоа е болен пораз. Многу болно. Но, тоа може да се случи секому во фудбалот. Ќе стигнете до полуфиналето на Лигата на шампионите и ако ривалот е толку силен и игра подобро од вас, тогаш остануваш без пласман во финалето. Време е да научиме од ова, да размислуваме за следната сезона и да се подобриме. Минатата сезона бевме способни да ги победиме овој противник и да стигнеме до финалето. Овој пат на ред дојде Сити“,
изјави Анчелоти по елиминацијата.

Кој ќе го наследи Реал на европскиот трон останува да видиме по истанбулското финале меѓу Манчестер Сити и Интер закажано за 10 јуни.