Пред долгоочекуваниот втор дуел помеѓу италијанските гиганти Интер и Милан, главниот „мозок“ на Интер, Симоне Инзаги изјави дека тимот е полн со самодоверба и се подготвени да го изиграат најважниот натпревар од нивната сезона.
„Најчесто не зборувам за судиите, но некогаш морам. Ако го погледнеме првиот натпревар, стартот на Круниќ кон Бастони требаше да биде црвен картон и со тоа ќе беше различен натпревар. Но не се случи се како што мислевме, сепак не е проблем. Одалечени сме само 90 минути до исполнување на нашиот сон, финале во Лигата на Шампионите. Сепак знаеме дека Милане се во добра форма и сме подготвени за најважниот натпревар оваа сезона.“
Не очекува мега натпревар на „Џузепе Меаца“ каде што „Неаѕурите“ ќе играат со предност од два гола од првиот натпервар против вечниот ривал Милан. Натпреварот е во добро познатиот термин од 21 часот.