По освојувањето на Куп трофејот од страна на екипата на ЖРК Куманово тренерот Славиша Димитревски истакна:

Одигравме добар натпревар. Ја искористивме шансата што не игравме полуфинале, но тоа е пропуст што Металург не играше. Сепак сметам дека моите девојки одиграа на ниво за да го освиме трофејот.

ЖРК Куманово во третото финале од Купот го освоија третиот пехар (2019, 2021, 2023) и секогаш беше совладана екипата на ЖРК Вардар.