Кошаркарите на Соколи од Штип и Охрид ќе играат решавачки трет натпревар за пласман во Првата лига. Ова е епилогот по одиграниот реванш полуфинален натпревар од плеј-офот на Втората лига во кој Соколи славеа победа со 79-70.

Во првата четвртина, добро играа пред се во нападот, но не успеваа да се одлепат, па на првата, мала, пауза заминаа со водство од 20-16.

На стартот на вториот период гостите имаа и највисоко +8 (24-16 ) до крајот Соколи ја анулираа негативата, па дури на големиот одмор заминаа со +1 (35-34)

Одлично одиграа домашните кошаркари во третиот квартал во кој стигнаа и до највисоките 15+ (61-46), што се покажаа како решавачки иако гостите на четири минути до крајот намалија на -6, но охриѓани немаа сили за комплетен пресврт, па штипјани славеа со конечни 79-70, за израмнување на резултатот на 1:1 во победи.

Така мајсторката што ќе се одигра во Охрид претстојниот викенд (сабота или недела) ќе решава која екипа ќе се пласира во финалето, а со тоа ќе обезбеди пласман во Првата лига следната сезона.

Утревечер (20.30 часот) во Кисела Вода својот реванш полуфинален дуел ќе го одиграат Ангели и Вардар, а во него црвено-црните ќе влезат со предност од 1:0 во победи.