Буенос Аирес беше на нозе бидејќи во 15.коло од Aргентинската лига го одигра 214-тото „Суперкласико“ помеѓу најголемите ривали, Ривер Плата и Бока Јуниорс

Дуелот заврши со 71.триумф на Ривер, но и масовна тепачка меѓу играчите на крајот кога судија подели дури седум црвени картони!

Ривер Плата ја победи Бока Јуниорс со 1:0 со голот на Мигел Борха во четвртата минута од судиското надополнување и остана на врвот на табелата.

Ривер Плата во дербито влезе од првата позиција, додека Бока е само 12-та по 14 кола, но дерби е дерби, пласманот на табелата често не е примарен резултатски.

Во натпревар исполнето со емоции, жестоки стартови, картони, и се што може да се замисли и посака во едно големо дерби како што е „Суперкласико“, за да дојде кулминацијата на самиот крај односно четвртатата минута од судиското продолжение (90+4)

Кога сите го очекува крајот, Сандез направи пенал, а Мигел Борха му донесе победа на Ривер.

Тоа дополнително ги зовре страстите, и настана тепачка меѓу играчите.

Судијата Ерера делеше црвени картони како конфети, па од домаќините исклучени беа тројца играчи, а кај Бока, црвени картони добија четворица. 

Најинтересните моменти во продолжение.