Екипата на Филаделфија по продолжение го совлада Бостон со 116-115 и го израмни резултатот на 2:2 во полуфиналната серија од Источната конференција.

Малку беа 48-те минути да биде решен победникот, па како на холивудско сценарио Џејмс Харден и Маркус Смарт ги имаа главните улоги, во кои „хепи еднот“ беше на страната на Харден.

Во регуларниот дел Харден на 17.секунди пред крајот го израмни резултатот, а во последниот напад за Бостон, Смарт не реализира тројка, па резултатот остана израмнет 106-106.

Во дополнителните 5.минути речиси иста „приказна“. На 18.скунди пред крајот, Харден погоди тројка за водство на Филаделфија 116-115. На спротивната страна и Смарт погоди тројка, но неговиот шут беше за десетинка побавен од истекот на времето, за Филаделфија се радуваше на победата.

Популарниот „брада“ (Харден) ја одигра една од најдобрите партии во дресот на „Сиксерс“, постигна 42 поени од кои 6 тројки, а имаше и 9 асистенции, 8 блокади и 4 украдени топки.
МВП-то, Ембиид заврши со дабл-дабл со 34 поени и 13 скока, на кој додаде и 4 асистенции, последната за победничкиот кош на Харден.

Така Филаделфија стигна до втората победа и ја одведе серијата подобар до четири во Бостон, каде ќе се игра следниот натпревар во среда наутро (01.30 часот)